Комисијата за заразни болести ќе расправа за состојбата

0
212

Комисијата за заразни болести ќе се состане во 12 часот и на состанокот. Ќе се дискутира за епидемиолошката состојба или препораките ќе бидат донесени на утрешниот состанок, во форма на препораки или заклучоци и ќе бидат споделени веднаш по состанокот – изјави вчера за МИА д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата.

Веќе неколку дена по ред, бројот на новозаразени е над 700, а само вчера од 1.774 тестови се регистрирани 792 нови случаи на ковид-19. Речиси половина од новозаразените во Скопје. Бројот на активни случаи во моментов е 3.595. Во синоќешниот ковид билтен не беа регистрирани починати лица, но претходниот ден од ковид-19 починаа две лица, од кои едното на 23-годишна возраст од Свети Николе.

 

МИА