Српската пејачка Јелена Марјановиќ била убиена од сопругот Зоран Марјановиќ, пресуди Судот во Србија.
Медиумите од Србија објавија дека Марјановиќ е осуден на 40 години затвор, а веднаш му бил одреден и притвор.
На почетокот на судењето на ноември 2019 година, Зоран негираше дека ја убил сопругата, но не сакаше да одговори на прашањата на обвинителството, откако ја презентираше детално својата одбрана.
Обвинителството го обвини дека на 2 април 2016 година ја убил сопругата на насипот во Борча, додека нивнат аќерка била во неспоредна близина.
видео: Objektiv TV
фото: PRTSC Objektiv TV