Поради немање кворум – Џафери се закани со иницијатива за распуштање на Собранието

0
397

Претседателот на Собранието Талат Џaфери денеска поради немање кворум им се закани на пратениците дека ќе пoкрене иницијатива за распуштање на Собранието , ако продолжи неодговорното однесување на народните избраници.

За присуство на денешната седница се потпишале 85 пратеници, а во салата имало само 58 пратеници.

Сите отсутни од салата ќе добијат и дневници и патни трошоци..

Џафери итно разговарал со лидерите на партиите од мнозинството, а како што и писмено соопшти наредил и да се откажат сите службени патувања на пратениците во текот на месец Јули.

 

telma.mk