(ФОТО) Во Грција автомобил заврши в море, патниците се спасиле

Во водите на Егејското море вчера напладне на Халкидики, поточно во Куцупија Санис, под засега неутврдени околности, влетал автомобил, јавуваат грчките медиуми.

Службениците на крајбрежната стража веднаш излегле на местото на настанот со патролно возило, при што констатирале дека двајцата патници во возилото, 78-годишниот и 58-годишниот, сами излегле од возилото и не пријавиле повреди од инцидентот.

Прелиминарна истрага ја врши пристанишен оддел на префектурата Муданија при Централното пристаниште во Солун.

фото: Република.мк