Серијата „Касандра“ цела Македонија, а и Балкан ја гледаа во 90-тите години.
Сите тогаш беа пред малите екрани за да ја проследат судбината на оваа Венецуелка.
Кораима Торес која ја играше уогата на Касандра и стана херооина во нашата земја.
-Поминаа повеќе од 2 децении, а како вчера да почнав да ја снимам Касандра. Не ме претворија преку ноќ во циганка, морав сериозно да се подготвам за таа улога. Ликот не беше обичен.
Касандра беше девојка сигурна во себе, во рамките на наивноста која мораше да ја има.
Навикната да работи пред публика, секоја вечер танцуваше и беше изложена на ножевите на рулетот на Рандеву, но сепак изолирана од светот надвор од шаторите на циркусот.
Тоа беше огромен предизвик за мене, на кој морав целосно да му се препуштам, се присетува Кораима.
Таа продолжи да снима серии, но се посвети и на семејниот живот. Стана мајка во 1994 година, па со сопругот Николас Монтеро го има синот Ману.
Парот се венча во 1996 година и живее во Богота.
glamur.mk