ДСЗИ: Локализиран пожарот во беровско

Пожарот во Беровско е локализиран во 17 часот, тимовите и сите други учесници се вратени во базите, а остануваат дежурни екипи од Малешево Шумско Берово. Во текот на утрешниот ден ќе се направи контрола на теренот.
Вонтекот на денешниот ден пожарите ги гасеа тимови од ПОЗС Берово, Валандово и Куманово. Тимот од Свети Николе со пумпи беа ангажирани за полнење со вода базенот за полицискиот хеликоптер. Ер Тракторот денеска дејствуваше на неколку наврати до целосно локализирање на пожарот, информираат на својата фБ страна од Дирекцијата за заштита и спасување.