Изгледа дека Бен Афлек на медениот месец со својата сакана Џенифер Лопез, не успева добро да се наспие во текот на ноќта, па изморен мора малку да дремне и преку ден.
Афлек, неодамна се ожени со пејачката Џенифер Лопез, па со неа и децата ужива на меден месец во Париз.
Според фотографиите во медиумите, се чини дека Афлек е прилично изморен од се што се случувало претходните денови. На јахтата е снимен како во длабок сон, неудобно сместен во столче, со кренати нозе на оградата, а смешната сцена предизвика големо внимание на социјалните мрежи.
Парот овие денови ужива испробувајќи ја храната во рестораните во француската престолнина, а неодамна беа фотографирани и на крстарење по реката Сена. Нивната венчавка во Лас Вегас очигледно го исцрпила Бен.
plusinfo.mk