Поранешниот премиер Владо Бучковски, кој беше и специјален претставник за Бугарија, во изјава за неделникот Фокус вели дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ отиде предалеку со, како што вели, манипулациите и фаталистичките прогнози за асимилација и бугаризација, објави Фокус.
Според него, шансите за избори наесен се минимални, но, како што нагласува тој, се очекува во есента следната 2023 година ВМРО-ДПМНЕ да ја смени плочата пред отпочнувањето на процедурата за уставни измени.
-Овој парламентарен состав на заминување ќе ги направи измените на Уставот. Би било рационално ВМРО-ДПМНЕ пред изборите да си отвори простор за соработка со партиите на Албанците, но и да се претстави на меѓународниот фактор како одговорна, прозападна партија, која претендира да биде сериозна алтернатива на сегашната владејачка коалиција – вели Бучковски.
Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.
извор: Фокус
фото: Архива