Полицијата вчера во 23 часот интервенирала во туристички автобус кој бил со регистарски ознаки на Романија, а принудно се паркирал на магистралниот пат Охрид – Кичево бидејќи во него дошло до физичка пресметка меѓу двајца мажи, државјани на Романија.
Автобусот возел група туристи од Романија кои биле во Охрид, а вечерта тргнале за Скопје, од каде требало да заминат во Романија.
Кога автобусот минувал низ општината Дебрца, еден од патниците нападнал друг патник, по што автобусот се паркирал во селото Ботун, водичите повикале полиција која пристигнала на местото каде стоел автобусот и го привела агресивниот патник.
Автобусот со останатите продолжил натаму кон Скопје и Романија.
News1.mk