Јакната што Баз Олдрин, вториот астронаут што стапна на Месечината, ја носеше за време на неговата мисија „Аполо 11“, продадена е за 2,8 милиони долари на аукција одржана во Њујорк, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), јакната со американското знаме и логото на Американската вселенска агенција (НАСА) е продадена од британската аукциска компанија „Сотби“.
Со продажбата, јакната стана највредниот американски вселенски артефакт кој некогаш е продаден на аукција во Њујорк.
Претставниците на аукциската компанија „Сотби“ нагласија дека јакната е продадена за 10 минути. Купувачот не е познат.
Се истакнува дека 650 милиони луѓе од целиот свет го следеле моментот кога јакната била продадена за 2,8 милиони долари.
Јакната што Олдрин ја носеше за време на мисијата „Аполо 11“, направена е од огноотпорен материјал. Ова е единствената облека продадена од вселенската мисија во 1969 година.
На аукцијата, исто така, биле изложени вкупно 69 лични предмети кои му припаѓале на 92-годишниот астронаут, меѓу кои се наоѓал расипан прекинувач на струјно коло и црн фломастер. Парчиња од неговата лична колекција се продадени за вкупно 8,2 милиони долари.
извор:Агенција Анадолија (АА).