Ајше е инфлуенсерка од Турција кои со своите 40.000 следбеници ги споделува искуствата од своите патувања.
Пред извесен период таа ја посети и Македонија, а местата кои најмногу ја воодушевиле се кањонот Матка и Свети Наум во Охрид.
Своите искуства од Македонија, таа ги сподели на Инстаграм и им даваше куси упатства на следбениците за нашата држава.
Таа им открива дека од Скопје до Матка може да се стигне со автобус и дека кога ќе одат на Матка задолжително треба да си платат тура со бротче за истражување на кањонот.
Се разбира, не недостигаа пофалбите и за Охрид.