Скопјанката која се водеше за исчезната пронајдена мртва

Скопјанката С Ѓорѓиева (75) од Скопје, која исчезна пред четири дена, денеска е пронајдена мртва, објави „Фокус“.

Жената боледувала од Алцхајмер и била без слух, а нејзината ќерка вчера за „Фокус“ кажала дека била забележана од еден овчар.

Потрагата по скопјанката траеше и вчера кога се пребаруваше рид во близина на Орланци, но за жал било пронајдено безживотното тело на жената, информира „Фокус“.

извор: „Фокус

фото: Архива