На ископувањето во Глучестершир, Велика Британија, пронајден е фосил од риба со многу „страшен изглед“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), фосилот со своите големи заби и очи наликува на добро сочуваниот фосил Pachycormus, пронајден на местото на ископувањето на Џурасик.
Видот е пронајден во близина на ранч за говеда од страна на ловците на фосили, Невил и Сали Холингворт.
Се проценува дека во областа каде што е пронајден фосилот, пред 183 милиони години имало топол тропски океан.
Двојката Холонгворт е позната по својата репутација за идентификација на исклучително плодните фосилни полиња.
Невил и Сали Холингворт неодамна открија и остатоци од мамут во близина на водениот парк „Котсволд“.
Меѓу другото, двојката има откриено и илјадници фосилизирани ехинодерми, како што се морски ѕвезди, морски ежови и морски змии, во каменолом на северот на земјата.
извор: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).