Ефтов: Во Македонија има бивши офицери на ЈНА кои не „гукнале“ на Македонски јазик, а британскиот амбасадор ни се обраќа на Македонски јазик

Во последната емисија Во Центар на Васко Ефтов, правејќи анализа, новианрот прави комапрација на структури во Македонија кои никогаш не зборувале на Македонски Јазик, и обраќањето на новиот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска кој иако со многу потешкотии се обраќа на Македонски јазик.

„Имавм министри како Џери Наумов кој дојдоа од дијаспората и никогаш додека беа на власт во владата на Никола Груевски не прозбореа на Маекдонски јазик. Имаме поранешни офицери на ЈНА кои никогаш до ден денес не прозбореа на Македонски јазик, немаат „гукнато“ на Македонски јазик, а се први наводни заштитници на јазикот од Бугарија, и го имаме новиот Британски амбасадор кој се мачи , едвај зборува, ама зборува на Македонски јазик во видео пораката. Е тоа е за почит и респект“ потенцира Ефтов.

https://www.youtube.com/watch?v=KM8zoFmT3Ts