Најмногу до 8 години затвор и се закануваат на Шакира

Во обвинението до кое дојде АФП, обвинителството посочува дека од пејачката, која е обвинета дека од 2012 до 2014 година затаила 14,5 милиони евра од шпанските даночни власти, ќе бараат речиси 24 милиони евра. Адвокатите на Шакира тврдат дека пејачката во тој период не живеела во Шпанија.

Судот сега треба да одлучи дали и кога ќе поднесе обвинителен акт.

„Колумбиската пејачка, која продаде повеќе од 80 милиони плочи ширум светот, секогаш ги исполнувала сите даночни обврски, објавија во средата нејзините адвокати.

Пејачката е целосно убедена во својата невиност и затоа не ја прифаќа спогодбата“, се вели во соопштението.

Условите на предложената спогодба не се откриени.

45-годишната пејачка, која многумина ја нарекуваат „кралица на латино музиката“, тврди дека се преселила во Барселона во 2015 година. Таму живеела со фудбалерот Жерар Пике, играч на фудбалскиот клуб Барселона. Двојката има две деца, но неодамна веќе не живеат заедно.

 

vesnik.mk