Четири општини на северот на Косово со српско мнозинство утрово се разбудија со пораки „Добредојдовте во Заедницата на српските општини“.
На билбордите и плакатите низ Косовска Митровица, Лепосавиќ, Зубина Поток и Звечани се видливи паролите „Ова е ЗСО“, со симболи и пораки на англиски јазик кои говорат за оваа организација.
Тие пораки биле истакнати на главното шеталиште во Северна Митровица, на билбордите лоцирани на влезовите и излезите на четири општини, пренесува Нова.рс.
Договорот за формирање на ЗСО е постигнат во 2013 година, пред точно 3.391 ден, што Приштина не го исполни, а неколку пати претходните денови можеа да се слушнат пораки и барања на Србите од Косово и Метохија дека сакаат формирање на ЗСО и дека тоа е обврска што Приштина мора да ја исполни.
Владата во Приштина го одложи спроведувањето на реципрочните мерки кон Србија за еден месец. Одлуката е донесена по средбата на шефовите на косовските држави со американскиот амбасадор Џефри Ховени. САД побараа спроведувањето на одлуките да се одложи за 30 дена.
извор: Нова.рс.
фото: Kosovo online