Србија ќе биде принудена да започне „денацификација на Балканот“, вели член на владејачката партија

Пратеникот на владејачката Српска напредна партија (СНС) Владимир Ѓукановиќ напиша дека му се чини оти „Србија ќе биде принудена да започне со денацификација на Балканот“. Терминот „денацификација“ руските власти го користат како изговор за инвазијата врз Украина. „Сè ми се чини дека Србија ќе биде принудена да започне со денацификација на Балканот. Би сакал да грешам“, напиша Ѓукановиќ на Твитер. По негативните реакции на таа мрежа, Ѓукановиќ изјави дека „денацификацијата е нешто што е неопходно и едукативно“. Во 2016 година Украина му забрани на Ѓукановиќ да влезе во таа земја со образложение дека го загрозува украинскиот суверенитет и интегритет.

 

Радио Слободна Европа