Пожарот над Прилеп во голем дел е ставен под контрола, а со големи напори на противпожарните единици доцна во ноќта е спасен и манастирски комплекс, објави Канал 5.
Командирот на ТППЕ Прилеп информира дека во моментот позади сртот на Маркови кули пожарот е поделен во два крака.
Противпожарните територијални единици прават напори да го стават под контрола и изгаснат.
Има доволен број на луѓе на терен, а воздушна подршка во моментот не е потребна.
Од Општина Прилеп упатија апел до сите граѓани да не се потпалуваат стрништа.
– Овие неконтролирани пожари претставуваат сериозна закана за нашите отворени простори, а уште полошо, можат да загрозат населени места, објекти и манастарски храмови!, се вели во апелот на општината.
Од таму додаваат дека противпожарни екипи се деноноќно на терен, посветено и неуморно се борат со огнената стихија.
Нагласуваат и дека секоја помош и поддршка за нашата Територијална Противпожарна Единица е од огромно значење во овие моменти.