(ВИДЕО) Седумгодишниот херој кој спаси три годишно дете од давење

Свесен дека тоа е невообичаено, Масија веднаш се нурнал за да го спаси.

„Само си играв во базенот, а потоа видов момче на дното на базенот“, изјави тој за „Добро утро Америка“. „И отидов да го земам. Според мајката на Масија, Тиара Делвале, тој се втурнал во базенот длабок два метри за да го спаси тригодишното дете, за кое таа рече дека имало отворена уста и очи.

Храброто момче успеало да го извлече детето на површината на базенот, каде деветгодишниот братучед по име Савана, со кој си играл во базенот, го извлекол и ги алармирал возрасните кои се јавиле на 911 и почнале со CPR. „Савана го донесе кај мајка му и тогаш почнаа со CPR на момчето, а потоа го повикаа докторот“, рече Масија. Портпаролот на противпожарната служба на Сакраменто потврди за ABC News дека 3-годишното дете дише кога пристигнале 911.

vesnik.mk