Ајкули во плитки води на плажа во Флорида

Посетители на плажа во Флорида фотографирале две големи ајкули кои пливаат многу блиску до брегот.

На источниот брег на Соединетите Американски Држави се забележани повеќе активности на ајкули ова лето, а последен пат беа видени во плитки води на југоистокот на државата.

Кара Скониечни го сподели видеото на мрежите. Оваа ситуација ја снимила на камера во саботата попладне на плажата Нептун во Џексонвил, пренесува Fox News.

Иако не беше доволно јасно за да се утврди каква ајкула е на видеото и колку е опасна, може да се слушне како едно лице им вика на другите луѓе „Излези од вода!“

Истиот ден, пливач бил каснат од ајкула во Џексонвил, Флорида.

Во интервју за локалните медиуми, очевидци изјавија дека во близина на брегот може да се забележи сенка од 2 метри како плива и дека во водата има големо количество крв.

Официјалните лица одбија да потврдат дали она што го виделе луѓето е ајкула.