Двајца Скопјaни се тепале во Охрид за паркинг место

Вечерва околу 21 часот и 30 минути полицијата во Охрид интервенирала од како добила дојава за жестока расправија која прераснала во тепачка помеѓу две лица од Скопје, кое се тепале за едно паркинг место во центарот на Охрид.

Инцидентот се случил на паркингот кај „Градски Пазар“ на улицата Абас Емин во центарот на градот.

Двајцата Скопјани се приведени од страна на полицијата, и во моментов се сослушуваат во станица.