Во Франција се прават обиди за забрана на борбите со бикови, кои сè уште сe популарни во земјата

0
272

Во Франција се прават обиди за забрана на борбата со бикови, кои сè уште се популарни во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Ајмерик Карон, пратеник од крајно левичарската парија Непокорена Франција, зборуваше за традицијата која ја нарече застарена и сурова и вети дека следната недела ќе изнесе Предлог-закон во Националното собрание со кој се забрануваат тие борби.

„Мислам дека мнозинството Французи го делат истото мислење дека борбите со бикови се неморални, спектакл за кој повеќе нема место во 21. век“, изјави Карон.

Покрај соседна Шпанија, борбите со бикови се многу популарни и во јужна Франција во градовите како Арл, Бези и Нимес кои се наоѓаат на брегот на Средоземното Море како и Бајон и Мон де Марсанс.

Случувањата започнуваат во август, со илјадници обожаватели кои присуствуваат на фестивалите облечени во традиционална облека.

Приговорот на Карон, кој претходно го искажаа пратениците, не е само поради суровоста кон животните, туку и дека „не е француска традиција, тоа е шпанска традиција која навлегла во Франција во 19. век за да се забавува жената на Наполеон III, кој била од Андалузија“.

Оние кои се спротивставуваат на Предлог-законот ги гледаат борбите со бикови како долгогодишна културна традиција која на гледачите им носи драматично прикажување и ги соочува со нивната сопствена смртност.

Поддржувачите на спортот, како Андре Виард, шефот на Националното здружение за борба со бикови, не гледа дека Предлог-законот добива на сила.

„Ова се случува на секоја парламентарна седница“, рече тој. „Ние им велиме на другите партии, зошто сакате да бидете поврзани со предлог закон кој ја напаѓа културната слобода заштитена според Уставот и територијалниот идентитет?“

Паријата на Карон има предност во успешното усвојување на Предлог-законот, француската партија Непокорена Франција освои десетици места во Парламентот на изборите минатиот јуни.

„Знам дека има пратеници од други партии кои ќе ме поддржат“, рече тој.

Предлог-законот ќе го измени сегашниот закон за благосостојба на животните кој дозволува исклучоци за борби со бикови (заедно со борбите на петли) кога ќе се покаже дека тие се „непрекинати локални традиции.“

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).