More

    Историја! Мето Спасовски – Единствениот македонски фудбалер кој му дал гол на Бразил

    Уште како дете се истакнуваше со своите дриблинзи. Најпрвин стана носител во играта на ФК Единство, а набргу за неговите квалитети ”дознаа” и од ФК Вардар. Во 1962 година дојде и тој ден, Мете Спасовски се најде во кабината на Вардар, го облече Вардаровиот дрес и настапи на повеќе од 600 натпревари, што првенствени, што пријателски, пишува vardarfans.mk. 

    Неуморен во играта, мајстор на владеењето со топка, префинет техничар, незадржлив во пробивите – ова беа неколку од карактеристиките во играта на Вардаровата 11-ка. Сите овие особини ги покажа и потврди и во дресот на младата југословенска репрезентација, каде со успех настапи во Скопје против селекцијата на Франција. На најголемиот стадион во светот, на Маракана во Рио де Жанеиро, на средбата со една од најсилните селекции во светот Бразил. Мете дебитираше и во дресот на југословенската репрезентација и го постигна првиот гол. За неа одигра уште неколку натпревари, а во сеќавање секако дека ќе му остане настапот во Скопје, каде на средбата со Белгија успеа да постигне два гола и да биде прогласен за најуспешен играч. Извадок од книгата “Четири децении ФК Вардар”.

    Методија Спасовски

    Роден на 4 февруари 1946 година во Скопје, Спасовски е запеметен како еден од најголемите мајстори со фудбалската топка, во периодот по катастрофалниот земјторес, кој го погоди нашиот главен град. Во дресот на Вардар, дебитира во сезоната 1962/63 и останува верен на клупските бои во наредните 12 години.

    Вториот вардаров стрелец, своевремено беше асистент на Андон Дончевски и помошник тренер во сезоната 1986/87, кога најтрофејниот македонски фудбалски клуб се искачи на шампионскиот трон, во првенството на Југославија. Подоцна, Спасовски беше назначен и за шеф на стручниот штаб, предводејќи го сениорскиот тим на Вардар во натпреварувачката 1988/89, во првата југословенска лига.

    извор: vardarfans.mk. 

    фото: vardarfans.mk. 

    видео: TRT Balkan Macedonian

    spot_img
    spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
    spot_imgspot_imgspot_imgspot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    47 %
    0kmh
    0 %
    Fri
    40 °
    Sat
    33 °
    Sun
    31 °
    Mon
    30 °
    Tue
    28 °
    spot_imgspot_img