Министерството за национална одбрана на Туркије (Турција) соопшти дека од Украина тргнале бродови со пченка со знамиња на Панама, Малта и Туркије, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството, бродот „Навистар“ со знаме на Панама, кој тргна од пристаништето Одеса во Украина и треба да пристигне во Ирска, превезува 33.000 тони пченка.
Бродот ќе биде контролиран од Заедничкиот координативен центар на северот на Истанбул.
Вториот брод со 13.000 тони пченка кој тргна од пристаништето Черноморск во Украина треба да пристигне во Велика Британија. Релацијата на бродот „Роџен“ со знаме на Малта ја следи и Заедничкиот координативен центар.
Заплови и бродот „Поларнет“ под турско знаме, кој чекаше во пристаништето Черноморск во Украина. Бродот треба да стигне во Карасу.
Бродот носи 12.000 тони пченка. Пред да стигне до Карасу, ќе биде прегледан од Заедничкиот координативен центар на северот на Истанбул.
Извор:Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).