Габриел Бајрам доби нови 30 дена притвор и останува во затворот „Скопје“

Габриел Бајрам доби нови 30 дена притвор и останува во затворот „Скопје“ во Шутка, каде беше однесен пред една недела.

Тој е осомничен дека сторил насилство, а Обвинителството во Скопје смета дека може да избега и да биде недостапен за правосудните органи.

На Бајрам му е поднесена кривична пријава по брза постапка и му е одреден притвор откако пред неколку дена повредил шанкер и кршел инвентар во ресторанот „Аквадукт“ на булевар „Словенија“ во Скопје.

Се гони и неговиот син.

фото: Архива