Загинаа 12 лица: Аџии биле во автобус на пат кон Меѓугорје

0
325

Несреќата се случила на 62-от километар од автопатот меѓу Јарек Бишашки и Подворец. Од полициската управа Вараждин кусо соопштија дека на местото на несреќата, покрај полициски службеници од полициската управа Вараждин и Загреб, биле ангажирани и неколку екипи на Брза помош и противпожарна единица од двете жупанија.

Тешка сообраќајна несреќа се случила околу 5 часот и 40 минути на автопатот А4 во правец кон Загреб. Автобус со полски регистрации излетал од патот. Според првите информации загинале 12 лица, а бројот на повредени е поголем. Претставници на полската амбасада од Загреб заминуваат на местото на тешката несреќа, ни рекоа од полското Министерство за надворешни работи. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки потврди дека во автобусот имало аџии кои оделе за Меѓугорје.

Од Полска во Хрватска итно пристигнуваат министерот за здравство Адам Ниеџиелски, заменик министерот за надворешни работи Марчин Пжидач и лекари и психолози од екипите за итна помош. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки разговараше со својот хрватски колега Андреј Пленковиќ, кој потврди дека на патниците ќе им биде укажана секаква медицинска помош. Несреќата се случила на 62-от километар од автопатот меѓу Јарек Бишашки и Подворец. Од полициската управа Вараждин кусо соопштија дека на местото на несреќата, покрај полициски службеници од полициската управа Вараждин и Загреб, биле ангажирани и неколку екипи на Брза помош и противпожарна единица од двете жупанија.

 

vecernji.hr