Ердоган: Разговорите меѓу Туркије и Русија за Сирија ќе донесат олеснување во регионот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека разговорите меѓу Анкара и Москва во врска со случувањата во Сирија ќе донесат олеснување во регионот, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Верувам дека нашето справување со случувањата во Сирија, исто така, ќе донесе олеснување во регионот“, изјави Ердоган пред билатералната средба со неговиот руски колега Владимир Путин во рускиот приморски град Сочи.

Тој нагласи дека средбата ќе биде многу важна од аспект на улогата што ја играат Туркије и Русија во регионот.

Ердоган, исто така, рече дека Туркије ја цени соработката со Русија во борбата против тероризмот.

Рускиот претседател Путин го пофали турскиот претседател Ердоган за неговата улога во потпишувањето на историскиот договор за деблокирање на извозот на жито од Украина.

„Русија има многу стратешки проекти кои се спроведуваат заедно со Туркије“, додаде Путин.

Тој рече дека европските држави треба да ѝ бидат благодарни на Туркије што се во можност да купуваат руски гас преку „Турски тек“.

Според турското Претседателство, Ердоган и Путин ќе разговараат за регионални и меѓународни прашања, како и за односите меѓу Туркије и Русија.

Лидерите ќе одржат тет-а-тет средба и ќе претседаваат со меѓуделегацискиот состанок.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).