На денеше ден беше родена големата хуманистка и пејачка Есма Реџепова

0
353

На 8 август 1943 г. во Скопје родена е Есма Реџепова, позната македонска пејачка и хуманистка, Кралица на ромската музика во светски рамки. Во 2013 г. ја добила престижната титула Национален уметник на Република Македонија.

Есма е најмаркантното музичко име на македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена. Жената со божествениот глас почнувајќи од првите младешки музички успеси стана до прифатена и призната. Починала на 11 декември 2016 година, во Скопје.

Есма остави богато музичко творештво и бројни хумани дела кои вечно ќе говорат за неа.