Пар од турската област Ван, Ердал и Ознур Ердоган, на имотот од 5.000 метри квадратни засадија ехинацеа, кое имаат намера да го продадат на фармацевтски компании и билкари, пишува Агенција Анадолија (АА).
Парот Ердоган се запознал со растението ехинацеа пред две години за време на посетата на ботаничката градина на Универзитетот „Јузунџу Јил“ во Ван.
Со експертот разговарале за растението ехинацеа, кое спаѓа во класата на лековити и ароматични растенија и кое им го привлекло вниманието. Решиле да изнајмат напуштен имот од 5.000 метри квадратни и на него да го засадат ова растение.
Садниците им ги обезбеди универзитетот, а тие две години внимателно се грижеле за инвестицијата, на чија жетва им се бројат деновите. Парот ќе ја има првата жетва овој месец, а може да има и до три жетви годишно.
Парот има за цел да постигне жетва од околу еден тон и да го прошири капацитетот за одгледување.
– Интерес од многу компании –
Ердал Ердоган за АА изјави дека се многу среќни што се занимаваат со производство на лековито растение за кое не ни знаеле пред неколку години.
Тој додаде дека ехинацеата ќе ја продаде на фармацевтски компании.
„Тоа е растение кое има добар пазар. Оваа година ја очекуваме првата берба. Во секоја берба очекуваме принос од околу 300-350 килограми. Цветот се суши и се продава. Килограм може да чини околу 180 лири (околу 9,85 евра, заб.ав.). Веќе добивме понуди од многу компании. Лесно е да се грижиме за нив. Малку бараат вода. Да засадев пченица, немаше да остварам толкав приход. Ова е првпат да имаме производство на ова подрачје. Во областите на запад се одгледуваат ехинацеа, лаванда, мајчина душица, маточина (мелиса)… зошто да не се одгледуваат и во нашата област“, рече Ердоган.
Ознур Ердоган истакна дека посветено работи со својот сопруг на одгледување.
Многу истражував за да му помогнам на мојот сопруг. Читав за карактеристиките на интернет, па решивме да го одгледуваме растението. Тоа носи многу приход. Голем дел од денот го поминуваме во градината. Ги броиме деновите до првата берба, возбудени сме. Пријателите и семејството даваат поддршка, многумина решија да нè земат за пример“, рече Ердоган.
Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).