Апасиев: Данела и Косана им влегоа со мае-гери на рамковниве фантоми

0
415

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вчера на социјалните мрежи ја коментираше одлуката на директорката ЈП Комунална Хигиена да бидат прекинати договори за вработување на 33 лица кои не оделе на работа, а земале плата.

-Данела и Косана им влегоа со мае-гери на рамковниве фантоми, напиша тој на фејсбук.

Инаку Скопје Инфо, вчера објави дека и во градските претпријатија се применувал „рамковниот“ принцип на работење.

– Во ЈП Комунална хигиена-Скопје мора да се стави крај на расипничкото трошење на парите на граѓаните и посветено да се работи на подобрување на услугите и исполнување на нашите обврски кон граѓаните, истакнаа во вчерашното соопштение од јавното претпријатие.

 

фб Димитар Апасиев