Од септември годинава шахот како изборен предмет за учениците од 1. и 2. одделение

0
375

Шахот од септември оваа година ќе биде на листата на изборни предмети во основните училишта во Северна Македонија за децата од прво и второ одделение, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Шаховската федерација на Северна Македонија соопшти дека Бирото за развој на образованието ја одобрило нивната програма за шах во школите и од септември ќе биде на листата на изборни предмети.

„Му благодариме на Орце Данчевски за помошта при изготвувањето на програмата. Сега ни останува да го промовираме шахот како изборен предмет и да ги обучиме наставниците. Што значи дека дури сега ни претстои најголемата работа“, истакнаа од Федерацијата.

Шаховската федерација на Северна Македонија, потсетувајќи на многубројните придобивки од шахот, истакнува дека шахот ќе ја подобри концентрацијата и меморијата, математичките вештини и читањето, логичкиот начин на размислување, креативноста и критичкото размислување, ќе придонесе за подеднаква работа и развој на двете мозочни хемисфери, а исто така ќе создаде и работна навика кај учениците.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).