Дојава за бомба на концерт од Карлеуша во Бања Лука

Српската пејачка Јелена Карлеуша (43) одржа концерт во Бања Лука, а пред самиот крај на настапот, кој ниту дождот не можеше да го спречи, пристигна анонимна дојава за бомба, пишува Курир.

Како што јавуваат босанските медиуми, пријавата била примена десет минути пред полноќ, по што бил извршен увид и било констатирано дека нема опасност.

– Карлеуша ја најави последната песна и ја отпеа. Потоа влегла полицијата и ги евакуирала сите – изјави за Независне посетител на концертот.

 

24sata.hr