Германија почнува да штеди, ќе се гасни јавното осветлување во 23 часот

0
260

Властите во германскиот град Келн одлучија поради кризата во снабдувањето со енергија предизвикана од конфликтот во Украина оваа недела, осветлувањето на јавните објекти, вклучително и познатата туристичка атракција – катедралата во Келн, ќе биде исклучено во 23 часот.

Градскиот совет на Келн објави дека катедралата е една од 130-те згради кои цела ноќ биле осветлени со повеќе од 1.000 рефлектори, а сега ќе ги исклучат рефлекторите за да заштедат енергија.

Меѓу другите објекти се и историското градско собрание и столбовите околу стадионот на фудбалскиот клуб Келн, објавија германските медиуми.

 

kurir.mk