(ВИДЕО) Голем пожар кај Бар, луѓе заглавени во километарска колона

0
230

Над Црвената плажа кај Бар во Црна Гора изби голем пожар, чие гаснење го отежнува силниот ветар и непристапниот терен.

Голем број туристи и жители се заглавени во километарска колона кај Сутоморе.

„Бевме во Сутоморе на плажа, а веќе еден час сме во колона. Сместени сме во Бар, ова е непријатно поради децата“, вели турист.

„Сите сили се на терен. Се плашиме за куќите поради силниот ветар“, вели пожарникарот Вулевиќ.

 

24press.mk