Сомнителен случај во Бугарија. Се истражува смртта на швајцарски бизнисмен, кој беше пронајден мртов во вила населба во близина на селото Кладница.
Телото на 68-годишниот маж го открила неговата сопруга во четвртокот вечерта во гаражата на нивната семејна куќа во комплексот Делта Хил.
Неговата сопруга пријавила во полиција. При првичниот увид не било констатирано насилство. Во обдукцијата, пак, се работи за насилна смрт.
Од обвинителството за БТВ велат дека бизнисменот е ранет во белите дробови. Од раната се гледа дека најверојатно било употребено огнено оружје.
„Случајот е убиство. Беше направен обид да се маскира. Ова во многу рана фаза го дознала полицијата која работи на случајот. До доцна во ноќта се вршеа дејствија, значително напредуваа во работата на случајот. Работиме на сите верзии бидејќи човекот е преместен од локацијата каде што бил убиен на нова локација. Има информации дека облеката што ја носел му била сменета за да се покријат трагите од убиството“.
Од МВР пак велат дека нема знаци дека некој се обидел да упадне.
Поведена е претистражна постапка за убиство. Бизнисменот долго време живеел во Бугарија, оженет е со Бугарка, а до пред неколку години имаа фабрика за силиконски производи кои ги продаваа на шведска фирма.
извор: БТВ