Пожар во црква во Египет: Загинаа 41 лице

0
178

Четириесет и едно лице загинаа во пожарот што избувна во црква во западниот дел на египетскиот главен град Каиро, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку писмено соопштение ја потврди Коптската црква на Египет.

Во соопштението се наведува дека како резултат на пожарот загинале 41 лице, додека 14 лица се повредени.

Меѓу другото, египетската официјална новинска агенција МЕНА соопшти дека според првичните сознанија, повредени се 55 лица во пожарот и има жртви.

Противпожарните тимови се обидуваат да го изгасат пожарот.

Портпаролот на египетското Министерство за здравство, Хусам Абдулгафар, нагласи дека на местото на настанот се упатени 30 амбулантни возила.

Абдулгафар нагласи дека 55 лица се пренесени во околните болници и дека работат на откривање за бројот на жртви.

Од друга страна, египетскиот претседател Абдулфетах ел Сиси преку писмено соопштение истакна дека одблизу ги следи настаните во врска со пожарот.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).