Автобус од Србија се превртел на автопат во Бугарија, пишува Еуроњуз. Во автобусот имало 48 деца од Србија. Според различни извори има многу повредени.
На местото на настанот пристигнале две возила на брза помош, пожарникари и полиција. Според првичните информации десет лица се повредени.
Сите патници се државјани на Србија. Несреќата се случила на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора.
index.hr