Бесими – Сивата економија, како проблем останува „евергрин“

0
188

Сивата економија, како проблем останува „евергрин“, пишува министерот за финансии Фатмир Бесими во колумна. Тој пред една недела, исто преку колумна најави даночна реформа, која наиде на широка дискусија за тоа какви и дали и се потребни нови даноци на земјава.

Со даночната реформа, вели министерот, сакаат да ја сузбијат неформалната економија, односно дел од работниците кои работат на црно да се озаконат и да плаќаат даноци, објави slobodnaevropa.mk.

Тој посочува дека според проценките на ММФ, сивата економија во просек е на ниво од 35 отсто од БДП во ниско и средно развиените економии, за разлика од 15 проценти од БДП во развиените економии. Во земјите во регионот, сивата економија, се движи околу 30 отсто.

Во неделното интервју на РСЕ, Благица Петрески од Фајнанс тинк посочува дека нивните истражувања покажале дека сивата економија во земјава е над 23 отсто. Таа вели дека најголемо намалување кај сивата економија се постигнало во 2008-та година со преминот од прогресивен кон рамен данок. Тоа се должи на општото намалување на даноците во делот на личен доход. Освен со даночни стапки, сивата економија може да се намали и со засилување на капацитетите на инспекторатите, вели таа за РСЕ.

Бесими вели дека дека оценките се дека во Република Северна Македонија, сивата економија изнесува околу 33 отсто.

„Доколку сакаме да имаме држава со подобра инфраструктура, квалитетно образование, подобра здравствена и социјална заштита, сите заедно мора да се потрудиме и дадеме свој придонес“, пишува Бесими.

Тој пишува дека ако сакаме да ја намалиме неформалната економија, треба истата да ја направиме економски „неатрактивна“.

Интервјуто може да го погледнете на: slobodnaevropa.mk.

фото: slobodnaevropa.mk.