ПЦР тестот покажа: Мицкоски е позитивен на коронавирус

0
303

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ; Христијан Мицкоски, е позитивен на коронавирус. Ова го покажаа резултатите од ПЦР тестот кој го направил попладнево.

Претходно, позитивен беше и брзиот тест.

ВМРО-ДПМНЕ известува дека посетата и настанот на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски во општина Маврово – Ростуше закажан за денес (16.08.2022 година) во 17:45 е откажан.

-Причини за негово откажување е развивањето на симптоми од Ковид 19 на претседателот Мицкоски, при што беше направен брз антигенски тест, каде што истиот беше позитивен, велат од партијата.

Сега, и ПЦР тестот покажа дека е позитивен на коронавирус.