Министерот Алити дојде до бројка од 34,54 од јавните вработувања, предвидени за албанци

До бројката од 31,54 отсто министерот дошол додавајќи ги во пресметката бројките од нерезидентното население од последниот попис и плус додал уште два отсто од 7-те отсто административно попишани.
При усогласување на податоците од последниот Попис, а во врска со вработувањата во јавниот сектор согласно принципот на правична и соодветна застапеност, што се врши со Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор од Министерството за информатичко општество и администрација за МИА велат дека за основа се земени предвид податоците добиени од вкупниот број попишани лица.

Како што објави Сдк.мк, според методологијата која ја усогласил министерот за информатичко општество и администрација (МИОА) Адмирим Алити, отсега во државните институции ќе се вработуваат 31,54 отсто Албанци, иако според бројките од последниот попис, Албанците се 24,3 отсто од резидентното население. До бројката од 31,54 отсто министерот дошол додавајќи ги во пресметката бројките од нерезидентното население од последниот попис и плус додал уште два отсто од 7-те отсто административно попишани. Алити е министер од јануари годинава, кога неговата партија Алтернатива влезе во владејачката коалиција.

Ваквата пресметка е спротивна на Законот за вработените во јавниот сектор, според кој распределбата на бројот на новите вработувања по припадност на заедница се прави според податоците од последниот попис на населението.

На прашање од МИА дали алатката „Балансер“ ги користи податоците само од резидентото население или ги зема предвид резидентно и неризидентно, МИОА одговорило дека во алатката се внесени податоците од најновиот попис на населението и притоа се земени предвид, податоците добиени од вкупниот број на попишани лица.

– Министерството за информатичко општество и администрација, како надлежно за Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор, согласно принципот на правична и соодветна застапеност донесена од 2016 година, нема направено никакви измени во истиот документ. Напротив, ги усогласи податоците со податоците од Пописот на населението спроведен во 2021 година од Државниот завод за статистика. Податоците за кои станува збор се јавни и се добиени на службен начин. При ова усогласување на податоците, за основа се земени предвид, податоците добиени од вкупниот број на попишани лица се вели во одговорот од МИОА.

 

plusinfo.mk