(ВИДЕО) Моментот кога се слушна експлозијата во авионот на „Ер Србија“

0
509

Авионот на „Ер Србија“ на релација Тиват-Белград слета 45 минути по полетувањето од аеродромот во Тиват околу 15,45минути, морал принудно да слета поради дефект на моторот.

Порталот Нова.рс дошол до ексклузивна снимка од авионот на која може да се слушне моментот кога дошло до експлозија и кога леталото почнало да се тресе.

Пред експлозијата патниците истакнуваат дека во авионот се слушнало силно зуење. Набрзо дошло до силен удар кој ги вознемирил сите патници.

Според првите информации се работи за проблем во моторот на авионот, поради што леталото морло да се врати на аеродромот во Тиват.

nova.rs