Заврши трилатералниот Самит меѓу претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, украинскиот претседател Владимир Зеленски и генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, јавува Агенција Анадолија (АА).
Трилатералниот Самит се одржа во палатата Поточки во Лавов.
Се истакнува дека самитот траел 40 минути и бил затворен за медиумите.
Од турската делегација, на самитот биле присутни и министерот за надворешни работи на Туркије, Мевлут Чавушоглу, шефот на турската национална разузнавачка служба МИТ, Хакан Фидан, и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.
Пред трилатералниот Самит, турскиот претседател Ердоган имаше одделна средба со Зеленски.
Според соопштеното, на Самитот се разговара за прашањата во врска со Руско-украинската војна.
Се очекува по трилатералниот Самит да се одржи заедничка прес-конференција.
извор: Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).