Шок на погреб: Починатата жена се појави и одговараше на прашања, благодарение на технологијата

Имено, станува збор за алатка за вештачка интелигенција создадена од синот на Марина, Стивен Смит, која им овозможила на гостите на погребот да комуницираат со покојната и да и поставуваат прашања на кои би сакале одговор.

Пред да почине, Стивен поминал часови снимајќи ја мајка си како зборува за нејзиниот живот и споделувајќи информации кои многумина не ги знаеле за неа. Синот ја снимил со 20 камери за да може потоа да создаде „дигитален клон“ на својата мајка. Благодарение на технологијата, изгледаше како гостите да можат да разговараат со Марина во реално време.

Стивен опишал за The New York Post како функционира целиот процес. Пред вистинското снимање треба да се избере темата за која ќе зборува холограмот. Лицето што зборува треба да одговори на околу 250 прашања, а секој одговор треба да биде долг околу две минути.

 

Сепак, холограмот на Марина предизвика прилично шок кај гостите, а одговорите на прашањата го надополнија изненадувањето. Одговори кои никогаш не биле толку детални или искрени.

 

24sata.hr