Џејкоб од Самрак се жени, името на неговата сопруга можеби ќе ве насмее кога ќе го земе неговото презиме

Актерот Тејлор Лотнер, попознат како Џејкоб од сагата „Самрак“, се жени.

 

Тејлор ја запроси својата свршеница и имењак Тејлор Доме во ноември минатата година, а сега откри дека таа планира да го земе неговото презиме, па ќе ги викаат – исто. И двајцата ќе бидат Тејлор Лотнер, а таа информација доста ги насмеа неговите обожаватели.

Во шоуто на Кели Кларксон, каде ја откри оваа информација, откри и како ги викаат нивните пријатели моментално кога се заедно. „Сите ја нарекуваат Тејлор, а јас сум Теј. Многу луѓе само велат „машки Теј“ или „женски Теј““, откри тој.

Ова не е прв пат за Тејлор да излегува со својот имењак, во 2009 година беше со Тејлор Свифт, која напиша и песна за него.

index.hr