За увоз на електрична енергија и гас Македонија потрошиле 533 милиони евра само во првата половина годинава, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.
Заради драстичниот раст на цената на електричната енергија и гасот, сумата платена за увоз на овие два енергенси е за три и пол пати поголема во споредба со истиот период минатата година кога биле платени вкупно 156 милиони евра за увоз на струја и гас, објави izvoz.mk.
Само за увоз на електрична енергија во периодот од јануари до кули 2022 година Македонија платила 363 милиони евра, што е речиси три пати поголема сума од обаа платена во истиот период лани, која изнесувала 110 милиони евра.
Ситрауцијата со електричната енергија е драматична во цела Европа и цените на берзите достигнаа 563 евра во мегават час, за споредба со истиот период минатата година кога цената на струјата изнесувала 90 евра. Но, проценките се дека цената на електрична енергија би можела во следната грејна сезона да достигне и 1.000 евра за мегават час.
“Правиме максимални напори да произведеме доволно електрична енергија од домашни извори и да не се потпираме на увоз затоа што, знаеме дека во зимските месеци цената на струјата може да достигне и до 1.000 евра за мегаватчас“, изјави Васко Ковачевски, директор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), кој уверува дека рестрикции на струја засега не се опција.
За споредба, во текот на целата 2021 година увозот на електрична енергија ја чинел земјава 278 милиони евра, додека во 2019 година увозот на електрична енергија изнесувал 154 милиоини евра.
Цената на гасот исто така руши рекорди, особено по почетокот на војната и руската инвазија во Украина. Во поглед на гасот, Македонија е целосно зависна од увоз на гас, поточно од увоз на руски гас кој доаѓа преку Бугарија. Вчера, државната гасна компанија Газпром објави дека цената на гасот за Европа зимава би можеле за се зголема за 60%.
Текстот во целост: izvoz.mk.
фото: izvoz.mk.