Дарко Неданоски од Тимот за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување го постави новиот државен рекорд во слегување во некоја пропаст. Неданоски како дел од меѓународната експедиција, која се одвиваше на Канин планина, која што се наоѓа на границата помеѓу Словенија и Италија ја истражуваше пропаста „Скраљево брезло“ и се спушти да длабочина од – 1.200 метри.
извор и фото: Дирекција за заштита и спасување