Запленети речиси 10.000 уреди за ископување криптовалути во Иран

0
164

Иранските власти соопштија дека заплениле 9.404 илегални уреди за ископување криптовалути во Техеран од крајот на март.

Во последниве години, иранските власти континуирано најавуваа откривање на нелегални уреди за ископување криптовалути во различни делови на земјата.

Биткоинот и другите криптовалути се создаваат преку процес кој бара огромни количини електрична енергија.

Некои единици за криптоминирање кои работат во Иран, наводно, биле лоцирани на локации како што се училишта и џамии кои добиваат електрична енергија бесплатно.

 

Радио Слободна Европа