Двајца возачи на автобуси, при контрола на Граничниот премин Табановце, биле фатени дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.
МВР информира дека вчера и денеска, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин – Табановце била извршена контрола на два автобуси, кои вршеле меѓународен превоз на патници.
При контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Р.(40) од село Мојанци, Општина Арачиново, и автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.З. (37) од Тетово, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.
– Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата, соопштуваат од МВР.
nezavisen.mk