Денеска во Македонија се измерени рекордни 25 степени. Имено, низ минатото, на денешен ден, највисоката измерена температура била 24 степени.
Најладно пак на денешен ден било во 2011 година, кога температурите паднале дури до 0 степени, објави 4news.mk.
Претходно, во месец октомври пак во Скопје најтопло било во 1993 година кога температурите стигнале до 32 степени, додека пак најладно во историјата било во 1997 година кога температурата паднала до -5 степени.
Инаку, низ Европа се забележани аномално високи температури – особено во Франција и Шпанија, каде температурите се искачија на над 10 степени Целзиусови над нормалата.
Од друга страна пак, делови од западната половина на САД ја дочекаа зимата оваа недела.