ТВ 24: Судски вештак утре повторно ќе врши увид на местото на несреќата на Беса транс, блиски на жртвите не се задоволни од резултатите од истрагата

0
282

На барање на 10 наследници на жртвите, утре во 9 и 30 во Бугарија, вештак назначен од судот во Перник ќе изврши увид на местото на несреќата на автобусот на Беса транс во која лани загинаа 45 луѓе.

Наследниците сега бараат 750 илјади евра оштета од бугарската агенција за патишта и од националното биро за осигурување, при што од документите до кои дојде ТВ24 може да се види дека тие укажуваат на низа неправилности на патната делница каде се случила несреќата.

– Кои се оперативните производи што се користат во делот на патот што се користи во процесот, ознаки на патиштата. Има ли поставени патни ознаки и нивната состојба на патната делница, и има ли сигнализација 3 километри пред местото за вртење. – се барата на наследницита на жртвите на „Беса транс“.

Адвокатот кој ги застапува наследниците на жртвите во Бугарија, за ТВ 24 вели дека повторената истрага треба да ги утврди пропустите на делницата.

Текстот во целост на: ТВ24